среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Оваа ѕвезда на реално шоу е уапсена за елитна проституција: Нејзината тажна приказна расплака милиони гледачи!

Оваа ѕвезда на реално шоу е уапсена за елитна проституција: Нејзината тажна приказна расплака милиони гледачи!

Учесничка во реално шоу рано утрово е уапсена во Србија поради елитна проституција, заедно со уште неколку девојки – колешки и нивните макроа.

Според извор на српските медиуми, станува збор за девојка, која на јавноста и станала позната пред неколку години, кога влегла во реално шоу. Таа веднаш ги придоби симпатиите на гледачите, поради нејзината тажна животна приказна која ја сподели со јавноста.

Како што пишуваат медиумите од регионот, станува збор за Мартина Рајиќ која учествуваше и во познатото реално шоу Парови.

Речиси немаше учесник во тоа реално шоу што не плачеше додека таа ја кажуваше својата исповед. Таа остана во натпреварот до крајот на таа сезона и се пласираше високо, по што повторно учествуваше во следната сезона.

Инаку, девојките од оваа група земале од 1.000 до 5.000 евра за вечер. Тие наводно пречекувале клиенти во неколку хотели во Белград.