понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

„Падна“ уште една оставка во Грција поради пожарите кои однесоа над 90 животи

„Падна“ уште една оставка во Грција поради пожарите кои однесоа над 90 животи

Во Грција „падна“ уште една оставка, четврта по ред поради пожарите кои однесоа над 90 животи.

Генералниот секретар за цивилна заштита на Грција Јанис Капакис, денеска си поднесе оставка.

Во петокот, оставка поднесе надлежниот министер за цивилна заштита на Грција, чија функција ја презеде министерот за внтарешни работи, а вчера беа сменети началниците на противпожарната служба и полицијата.

Властите соопштија дека 36 лица, меѓу кои и еден малолетник и понатаму се во болница. Од нив, шест се во критична состојба.

Во пожарoт што на 23 јули го зафати источниот дел на областа Атика, целосно изгоре 70 отсто од областа Мати. Грчката Влада започна со уривање на оградите околу дивоградбите, кои се смета дека го попречиле патот и ги оневозможиле жртвите навреме да стигнат до морето и да се спасат.

65-годишен маж е приведен како главен осомничен за подметнување пожари во источна Атика.