вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пахор: Мандатот за состав на влада ќе му го дадам на Јанша

Пахор: Мандатот за состав на влада ќе му го дадам на Јанша

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека ќе ја испочитува волјата на граѓаните и мандатот за состав на новата влада ќе го даде на победникот на парламентарните избори, Јанез Јанша.

Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша освои речиси 25 отсто од гласовите.

Пахор изјави дека мандатот ќе го додели на релативниот победник на вчерашните избори во Словенија, што, како што рече, е последица на неговите искуства.

-Дури ако дојде до тоа победникот да не може да состави влада, а тоа искуство веќе го имавме, дури тогаш ќе се бара друго решение, изјави Пахор за љубљански „Дело“.

Пахор ги повика сите политички чинители да учествуваат во формирањето на идната влада, за да се обезбеди успешна и сигурна иднина на државата.

-Успешното формирање влада ќе биде најважна задача во наредниот период. За тоа ќе ни биде потребно политичко трпение и многу мудрост, рече Пахор.