четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Париз ги повикува Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија

Париз ги повикува Белград и Приштина да се воздржат од еднострани дејствија

Денеска Франција ги повика Белград и Приштина да го продолжат дијалогот во духот на компромисот, да ги спроведат досега постигнатите договори и да се воздржат од еднострани дејствија кои можат да доведат до пораст на тензиите.

– Ги покануваме двете страни да ги продолжат разговорите во духот на компромисот во наредните денови, да ги спроведат веќе постигнатите договори и да се воздржат од преземање какви било еднострани мерки кои би можеле да поттикнат тензии – изјавија од француското Министерство за надворешни работи за приштинска Газета. Експрес.

Порталот пишува дека од Париз велат дека целосно ги поддржуваат посредничките напори на ЕУ, кои, според нив, „треба да го олеснат напредокот кон конечен, сеопфатен и правно обврзувачки договор меѓу Косово и Србија“.