вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Патниците во паника, крв на аеродромот во Белград: Искршил шише и си го пресекол вратот пред сите

Како што тврдат очевидците, сѐ  се случувало во секунда и како на филм, бидејќи мажот седел во кафулето и одеднаш го скршил шишето и си го пресекол вратот. 
Патниците во паника, крв на аеродромот во Белград: Искршил шише и си го пресекол вратот пред сите

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ денеска во 14:22 се случила вистинска драма, кога 38-годишниот Р.С без никаква причина скршил шише и си нанел повреда на вратот пред очите на патниците.

Според првите и неофицијални информации, тој е жив и состојбата му е стабилна бидејќи резот не бил длабок, а Брзата помош веднаш реагирала.

Тој е пренесен во Ургентниот центар, но за среќа станува збор само за мала исекотина, па немале потреба ни од реанимација.

Како што тврдат очевидците, сѐ  се случувало во секунда и како на филм, бидејќи мажот седел во кафулето и одеднаш го скршил шишето и си го пресекол вратот.