недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос

Пендаровски, Вучиќ, Пленковиќ, Абазовиќ, Курти и Мицотакис на работен појадок на Економскиот форум во Давос

Важноста на стабилноста на Западен Балкан и важноста на стабилно и безбедно снабдување со енергија на регионот, биле истакнати на работниот појадок на Светскиот економски форум во Давос, на кој присуствувале претседателите на Северна Македонија и Србија и премиерите на Грција, Хрватска, Црна Гора и Косово, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека за енергетиката Грција може да игра уште поважна улога, благодарение на развојот на клучните инфраструктури за енергетското снабдување.

На работниот појадок посветен на Западен Балкан на маргините на форумот, меѓу другите, присуствувале претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Србија Александар Вучиќ, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ и косовскиот премиер Албин Курти.