Шефот на станицата направил повеќе од една грешка поради кои дојде до судир на возови во вторникот вечерта, што резултира со 46 смртни случаи и десетици повредени.
Според информациите од грчката полиција, шефот на станицата во Лариса цели 5,5 километри го гледал патничкиот воз како се движи во погрешен правец и не ги користел технолошките можности што ги имал за да го запре возот.
„Станицата во Лариса има локална контролна табла за сигнализација, пред и по станицата на одредено растојание има светлосни сигнали и промени што покажуваат присуство на возот. Зошто тој не можеше да го сопре возот е прашање на истрага на комитетот“, пишуваат грчките медиуми.