среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пленковиќ изрази жалење за големата загуба на детски животи во Белград

Пленковиќ изрази жалење за големата загуба на детски животи во Белград

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ упати сочувство до српската премиерка Ана Брнабиќ за масакрот во основното училиште во Белград, истакнувајќи дека е тажен поради толку големиот број изгубени детски животи.

„Ве молиме прифатете го моето искрено сочувство во врска со масовното пукање во основното училиште во Белград. Изразуваме искрено сочувство до семејствата на загинатите, а на ранетите им посакуваме брзо закрепнување“, се наведува во писмото на Пленковиќ.

Осум ученици и чуварот на основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград загинаа, а уште седуммина се тешко повредени утринава кога 14-годишник пукаше во нив.

Напаѓачот е ученик на истото училиште, идентификуван како К.К., роден 2009 година, и е уапсен, потврди МВР на Србија по трагедијата без преседан во историјата на српското образование.