недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пленковиќ го разреши министерот Дарко Хорват од функцијата откако денес беше уапсен

Пленковиќ го разреши министерот Дарко Хорват од функцијата откако денес беше уапсен

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, го разреши од должност уапсениот министер Дарко Хорват. Го разрешил на негово лично барање, потврди владиниот портпарол, пренесува Индекс.хр.

Да потсетиме, утрово хрватската полиција во соработка со УСКОК изврши претрес во куќата на министерот за градежништво Дарко Хорват во Меѓумурје, а истрагата е поврзана со злоупотреба на положбата и овластувањата. Тој денеска беше уапсен, а подоцна и сослушан.

Според неофицијални информации, станува збор за истрага поради милионски незаконски проневери.

Инспекторите ја истражуваат улогата на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац.