вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

По девет часа спасена Британката која падна во море од крузер во Хрватска

По девет часа спасена Британката која падна во море од крузер во Хрватска

Британска државјанка, која синоќа падна во море од крузер, пронајдена е и спасена по девет часа, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Таа е пронајдена од припадниците на Крајбрежната стража на Цавтат, на оддалеченост од 60 наутички милји од Пула, односно 1,3 километри од местото каде падна во море од крузерот „Норвешка ѕвезда“.

Во потрагата по жената учествуваа авион, чамец на Пристанишната капетанија и три цивилни бродови.

Британката е во добра здравствена состојба и со брод е префрлена во Пула.

(Миа)