среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА Е УАПСЕН НИВНИОТ ЛИДЕР: Пратеници и симпатизери на ГЕРБ се насобраа пред домот на Борисов (ФОТО)

ПО ИНФОРМАЦИЈАТА ДЕКА Е УАПСЕН НИВНИОТ ЛИДЕР: Пратеници и симпатизери на ГЕРБ се насобраа пред домот на Борисов (ФОТО)
ФОТО: ВЕЛИСЛАВ НИКОЛОВ

По информацијата дека е уапсен лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, пратеници и симпатизери на партијата се насобраа пред неговиот дом.

Дел од пратениците од партијата на Борисов велат дека ова е самополитичка репресија врз нивниот лидер и ништо друго.

ФОТО: ВЕЛИСЛАВ НИКОЛОВ

Како што претходно објавија бугарските медиуми, полиција упаднала во домот на поранешниот премиер и лидер на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов како и во домовите на доста други поранешни високи функционери.

ФОТО: ВЕЛИСЛАВ НИКОЛОВ

Како што објавува „24 часа“ уапсени се поранешниот премиер Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, и поранешната шефица Комисијата за буџет Менда Стојнова. На списокот на се нашла и Севдалина Арнаудова од пи-ар службата на ГЕРБ, која на телефонскиот повик на „24 часа“ потврди дека во нејзиниот дом има припадници на полицијата.

ФОТО: ВЕЛИСЛАВ НИКОЛОВ

Преку социјалната мрежа на Фејсбук со порака се огласи и премиерот Кирил Петков кој порача дека никој не е над законот.