Хрватската полиција утрово го приведе поранешниот потпретседател на Владата и министер за земјоделство Томислав Толушиќ.
Според хрватскиот портал Индекс, Толушиќ е приведен по налог на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), која ја истражува како се стекнал со винаријата.