среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Почина сопственикот на „Предејане“

Почина сопственикот на „Предејане“

Сопственикот на мотелот „Предејане“, Драган Павловиќ, починал на 29-ти март на 57-годишна возраст. Како што пренесуваат од „Jugpress“, Павловиќ поради зголемена телесна температура и тешко воспаление на белите дробови бил пренесен во нишкиот Клинички центар.

Според изворите, Павловиќ бил тестиран на коронавирусот, но не е познато дали резултатите стигнале.

Павловиќ повеќе години работел во Русија, а во Србија се вратил и го купил мотелот „Предејане“.

За разлика од другите угостителски објекти во лесковачкиот крај, кои по приватизацијата биле затворени, Павловиќ, покрај големите вложување од неговиот мотел направил место кое што успешно работело и било значаен развоен потенцијал за целиот регион.

Тој зад себе ги остави својата сопруга и двете возрасни деца.