Во Романија денеска почна новата школска година, а околу 2,8 ученици ќе ја следат наставата во посебни услови поради пандемијата со новиот коронавирус.
Дел од учениците наставата ќе ја следат од дома, други по хибриден систем, а трети ќе одат во училиште.
Романската министерка за образование Моника Анисије изјави дека согласно епидемиолошката ситуација, 12.423 училишта ќе работат по така нареченото зелено сценарио, 4.915 по жолто, а 263 училишта во согласност со црвено сценарио.
Зеленото сценарио значи присуство на децата во градинките и во училиштата со почитување на превентивните мерки. Додека според жолтото сценарио децата ќе присуствуваат во градиниките и училиштата секоја втора недела, а црвеното сценарио е следење настава од дома.