понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Погребан Лука, човекот што ја пресече колоната во која беше автомобилот на Вучиќ- 1000 пријатели го испратија на вечното почивалиште

Погребан Лука, човекот што ја пресече колоната во која беше автомобилот на Вучиќ- 1000 пријатели го испратија на вечното почивалиште

Лука Радуловиќ кој е убиен ноќта меѓу вторникот и средата во клубот „Испод моста“, денеска е погребан на белградските гробишта Орловача.

37- годишниот Лука, на вечното почивалиште го испратија повеќе од илјада пријатели, членови на семејство, како и колегите спортисти со кои соработуваше.

Инаку, убиениот Радуловиќ на јавноста и стана познат и како возач на „бентлито“ што своевремено налета на колоната возила во која се наоѓаше претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Уапсен е месец дена подоцна во една коцкарница во Белград под сомнение дека тргувал со наркотици.

Радуловиќ во моментот на убиството бил на слобода, откако во март се договорил за признавање на вината за дрогата со Специјалното обвинителство.

Имено, Радуловиќ пред месец дена се договорил со обвинителството за организиран криминал за казна од три години затвор ако ја признае вината за дилање дрога.

Нему потоа му е укинат притворот, па е пуштен на слобода да го чека извршувањето на затворската казна. Според спогодбата, која со пресуда ја потврдил и Специјалниот суд, Радуловиќ призна дека на 25 октомри препродал 116 грама кокаин, по што е уапсен, додека во неговиот стан се пронајдени уште 0,25 грама кокаин.

Спогодбата со Радуловиќ е потврдена на 9. март кога му е укинат притворот.