Претседателот на Демократската партија на Албанците, Рагми Мустафа и негови колеги од другите политички партии на Албанците од јужниот дел на Србија (Прешевската Долина) денеска престојуваат во Тирана.
Тие ќе разговараат со премиерот Еди Рама и со министерот за надворешни работи, Димитир Бушати, за актуелната резолуција за прашањето за Косово.
Најавено е дека лидерите на политичките партии на Албанците во Србија ќе разговараат со Рама за улогата на албанскиот политички фактор во Прешевската Долина во врска со тековната полемика за корекции на границата.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи, бара корекција на границата со Србија, додека премиерот Рамуш Харадинај се спротиставува на тоа и наведе дека Тачи не е овластен да преговара за тоа.
Албанските политички лидери,шефот на државата и Министертвото за надворешни работи идејата за корекција на границите и размена на територии ја сметаат за опасна по мирот и стабилноста во регионот. (МИА)