петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Попладнево најавено обраќање на Вучиќ

Попладнево најавено обраќање на Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во 18:00 часот ќе и се обрати на јавноста.

Вучиќ ќе зборува во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Обраќањето на Вучиќ следува по незапаметената трагедија која утринава се случи во Белград, а во која 13 годишен ученик со огнено оружје кое го земал од својот татко, усмрти осум соученици и чуварот на училиштето.

Ранети се седум лица, шест деца и наставничка по историја, од кои две деца се во критична состојба.