Жителите на зградите на Нов Белград во Србија деновиве добиле несекојдневно соопштение кое било истакнато во влезовите.
-Се информираат станарите во зградите дека на 17 јануари 2019 во официјална посета на Република Србија ќе допатува Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација заедно со делегацијата. Поради тоа, но и поради безбедноста на рускиот претседател ве замолуваме тој ден да не излегувате на терасите на зградата и да ги не отворате прозороците за време на посетата, пишува во соопштението.
Министерството за внатрешни работи на Србија презема максимални мерки на обезбедување, што подразбира измена на режимот на сообраќајот во одредени делови на Белград. Секој вид движење по трасата по која ќе се движи Путин ќе биде забранет како и објектите кои тој ќе ги посети.