Фатмир Лимај, актуелен пратеник во косовското Собрание и поранешен командант во Олободителната војска на Косово (ОВК), е ослободен од обвиненијата за воено злосторство.
По повеќе од 18 месеци од покренуивањето обвинение, Основниот суд во Ѓаковица го ослободи Лимај од обвиненијата, бидејќи „не се докажани елементите на кривично дело“.
Обвинителство пред година и половина го обвини Лимај за воени злосторства, поврзани со убиство на двајца цивили од албанска националност, извршено во октомври 1998 година, во близина на селото Беланица во општина Малишево.
Според обвинението, Лимај како командант на 121-та бригада на ОВК, „не презел разумни и неопходни мерки во согласност со своите надлежности, за да го спречи убиството на Рамиз Хоџа и Селман Биниши“.
Хоџа, од селото Беланица, и Биниши, од селото Бања, во кое што е роден и Лимај, биле киднапирани на 2 октомври 1998 година, во близина на џамијата во Беланица, а потоа егсекутирани околу четири километри подалеку, во близина на селото Кравасари.
Во обвинението беше наведено дека Лимај ги видел телата на жртвите и бил свесен за злосторствата, но дека „намерно не презел мерки за пронаоѓање на сторителите и оти никогаш не го пријавил случајот до надлежните органи, за да може да се спроведе истрага и за да може случајот да биде процесиран“.