петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поскапе шеќерот во Србија

Поскапе шеќерот во Србија

Српската Влад одлучи да ја зголеми цената на шеќерот, а максималната малопродажна цена на белиот кристален шеќер, во сите пакувања, не смее да надмине 114,99 динари за килограм.

Дополнително, Владата усвои одлука максималната производна цена на белиот кристален шеќер, во пакувања од еден, пет и десет килограми, да не смее да надминува 95 динари за килограм.

„Максималната производна цена на белиот кристален шеќер за сите други пакувања не смее да надмине 104,54 динари за килограм“, се наведува во Уредбата.

Според претходната регулатива, цената на кристалниот шеќер беше ограничена на 109,99 динари за килограм, а претходно на крајот на август беше 102,99 динари. Дополнително, беше продолжена и Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати до крајот на ноември. Од петокот на пазарот бензинот е 178 динари, а на дизелот максималната е 222 динари за литар.