И последниот ранет во вооружениот напад во околината на Смедерево и Младеновац во текот на денот ќе биде пуштен од смедеревската општа болница, потврдија за Радио-телевизија на Србија (РТС).
Ноќта на пукањето бил примен со прострелна рана во потколеницата по што му била извршена операција и бил сместен на одделението за ортопедија.
Осомничениот за убиството на осум лица во околината на Младеновац и ранувањето на уште 14, У. Б. (21), беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Смедерево и одредена му е мерка притвор до 30 дена.
Ден претходно, на 3 мај, во ОУ „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик уби осум врсници и училиштен чувар и рани уште седум лица.