среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пожар во ковид болницата во Тирана, навремена интервенција спречи трагедија

Пожар во ковид болницата во Тирана, навремена интервенција спречи трагедија

На првиот кат од Ковид3 болницата во Тирана, избувнал пожар, но за среќа нема жртви и повредени, благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица.

Во просторите на болницата биле хоспитализирани 70 ковид пациенти, а според првичните наоди пожарот избувнал во една од лекарските канцеларии.

Министерката за здравство Огерта Манастирлиу беше во посета на болницата при што потврди дека нема повредени ниту меѓу пацентите, ниту меѓу здравствениот и друг персонал. За среќа, додаде, има само материјална штета.

-Овде се три одделенија кои обезбедуваат услуги на пациенти со ковид. Сакав лично да се уверам дека сите се добри. Како што може да се забележи, се работи за инцидент, за кој увидот треба да потврди од што бил предизвкан. Она што е важно е дека пациентите, медицинскиот персонал се многу добри. Нема за што да се грижите. Навреме се превземени сите потребни мерки, рече таа.

Ковид3 болницата е поранешното хирушко одделение на универзитетската клиника, кое беше транформирано во ковид поради зголеменот број заразени на кои им е потребноболничко лекување.