среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Позната водителка се бори за живот: Сандра тешко повредена во сообраќајка

Позната водителка се бори за живот: Сандра тешко повредена во сообраќајка

Новинарката и продуцентка на емисијата „Куќа од срце”, Сандра Денда тешко била повредена во сообраќајна несреќа, која се случила денеска во околината на Ковин.

Таа се наоѓа на интензивна нега и докторите се обидуваат да ја спасат.

Денда патувала во автомобил „опел” со уште една жена, која управувала со возилото, како и со 20-годишно момче, за кое се претпоставува дека е член на семејството за кое „Куќа од срце” градела куќа.

Поради положбата на возилото, на водителката и била приклештена главата и Брзата помош не можела да ја извади.

Нејзината колешка поминала со лесни повреди, а момчето имало среќа и излегло неповредено од целата ситуација.