петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Предупредување до граѓаните: Повторно драма во Грција- изби нов пожар на Атика (ФОТО+ВИДЕО)

Предупредување до граѓаните: Повторно драма во Грција- изби нов пожар на Атика (ФОТО+ВИДЕО)

На југот на Грција утринава изби нов пожар, а во гаснењето учествува и еден хеликоптер.

Пожар изби во источниот дел на Атика на местото, во местото Неа Макри и зафатил ниско растение. Истовремено, грчките власти предупредуваат на зголемен ризик од избивањето на пожарот на Атика, во јужниот дел на Евија и некои северни егејски острови.

Секретаријатот на Министерството за внатрешни работи за цивилна заштита им наложи на сите служби да бидат во приправност. Поради мерки на претпазливост, на возилата им е забрането да минуваат низ одредени паркови, шуми, како и области во кои постои од опасност од избивање пожар.

Во прашање се општините Маратон, Палини, Рафина- Пикерми и Спарта- Артмедија. Таа забрана е на сила до четврток во седум часот по локално време.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас вчера порача дека ќе бидат срушени над илјадници илегални објект откако е оценето дека илегално изградени објекти биле причина што многу луѓе биле блокирани или заробени во текот на големиот шумски пожар на 23 јули.

Ципрас, чија влада е обвинета дека во драматичната ситуација делувала споро, изјави дека рушењето на 3.200 згради ќе почне веднаш во регионот на Атика, кои го вклучуваат и делот на Атина.

-Истото ќе се случи и со остатокот од Грција, кажа Ципрас.

Ципрас вети дека и дека и експертите ќе ги испитаат сите аспекти од неодамнешните пожари.

-Атика преживеа преголема трагедија, Грција преживеа национална трагедија, изјави тој.

Премиерот вети детална и сеопфатна истрага поради губењето на животите. Во големите и трагични пожари на 23 јули загинаа најмалку 91 лице, а уште многу беа повредени.