понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Претседателот на бугарскиот Парламент предлага средба со спикерите на парламентите Романија, Хрватска, Холандија и Австрија за Шенген

Претседателот на бугарскиот Парламент предлага средба со спикерите на парламентите Романија, Хрватска, Холандија и Австрија за Шенген

Претседателот на бугарскиот Парламент, Вежди Рашидов предложил да се одржи средба на претседателите на парламентите на Бугарија, Романија и Хрватска со нивните колеги од Холандија и Австрија, јавија бугарските медиуми.

„Целта на средбата е да се информираме за сите вложени напори и подготвеноста на Бугарија, Романија и Хрватска за членство во Шенген“, соопштија од прес центарот на бугарскиот Парламент.

Предлогот Вежди Рашидов го дал на билатерална средба со претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ во Стразбур.