среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Претставничкиот дом на БиХ изгласа два клучни закони за пристапување кон ЕУ

Претставничкиот дом на БиХ изгласа два клучни закони за пристапување кон ЕУ

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина изгласа два закони, клучни за добивање кандидатски статус за членство во Европската унија – законите за спречување на судир на интереси и за висок судски и обвинителски совет.

-Претставничкиот дом ја известува Делегацијата на ЕУ во БиХ дека ги усвои Предлог законот за спречување судир на интереси во институциите во БиХ и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за висок судски и обвинителски совет откако претходно го усвои Предлог законот за јавни набавки, и дека ги проследи до Домот на народите со барање за итно постапување и бара од ЕУ институциите БиХ да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, се вели во заклучокот.

Законите, за да стапат на сила, мора да добијат поддршка и во Домот на народите на Парламентарното собрание на БиХ.