Јавното претпријатие „Термокос“ денеска соопшти дека било принудено, поради неможност за снабдување со пареа од термоелектраната на Електростопанство на Косово, да го прекине снабдувањето со топлинска енергија за сите граѓани на Приштина.
Во моментов, како што се наведува, само клиниките и амбулантите на Универзитетскиот клинички центар на Косово се снабдуваат со греење од топлана во нивниот круг.
„Бараме разбирање од нашите потрошувачи додека не се подобри состојбата и не се обнови снабдувањето со топлинска енергија“, се вели во соопштението.