Приштинските власти одлучија зголемување за десет отсто данок на стоки од Србија и од БиХ, како одговор на, како што се наведува, кампањата што се води против Косово, објави Коха.
Зголемувањето за 10 отсто се однесува на сите производи од Србија и од БиХ.
Министерот за трговија Ендрит Шаља кој ја предложил таа мерка вели дека тоа е „меѓународна пракса“. Мерката ја поддржал и заменикот косовски премиер Енвер Хоџај.