вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пристигнаа резултатите од обдукцијата: Ивановиќ убиен со шест куршуми со пиштол познат како „долга деветка“

Обдукцискиот наод покажува дека косовскиот политичар Оливер Ивановиќ бил убиен со шест куршуми од пиштол марка М70А, познат како „долга деветка“.

-Постојат шест влезни рани и четири излезни. Два куршума се задржале во телото. Повредите се во пределот на горниот дел на градниот кош – изјави Милан Ивановиќ директорот на Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица.

Од таму додаваат дека обдукцијата траела четири часа и дека куршумите му ги повредиле виталните органи.

По обдукцијата, телото на убиениот Ивановиќ вечерва е однесено во неговата партија, а утре ќе биде транспортирано за Белград каде што ќе биде погребан.