вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пристигнува арктички циклон: Во Словенија веќе има снег, од утре драстична промена во целиот регион

Пристигнува арктички циклон: Во Словенија веќе има снег, од утре драстична промена во целиот регион

Во наредните неколку дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекуваат и први обилни врнежи од снег оваа сезона. Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите.

Снег вчера заврна и во Словенија, но само над 2.000 метри надморска висина.

Заладување ќе се почувствува во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а утре се очекува на југот од Франција и западот на Медитеранот да биде „многу ладно“. Втор ладен бран доаѓа после среда и ќе ја зафати источна Европа и Балканот.