петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Привремено замрзната одлуката за азил за еден од осумтемина турски војници кои пребега во Грција

Како причини за ваквата одлука на судот за замрзнување на доделениот азил, како што објавија локалните медиуми, се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник.
Привремено замрзната одлуката за азил за еден од осумтемина турски војници кои пребега во Грција

Претседателката на Апелационен суд во Атина, го прифати барањето на грчката Влада и привремено ја замрзна одлуката за доделување азил за еден од осумтемина турски војници кои пребегаа во Грција.

Според грчките медиуми, јави дописникот на МИА од Атина, конечната одлука ќе биде донесена на 15 февруари, а до тогаш, наместо да биден пуштен на слобода по добиениот азил, копилотот од турскиот хеликоптер, е уапсен и повторно ќе биде однесен во полициската станица во Олимпиското село во близина на Атина, каде што се наоѓаат и другите седум турски војници.

Како причини за ваквата одлука на судот за замрзнување на доделениот азил, како што објавија локалните медиуми, се наведуваат јавниот интерес и интересот на самиот војник.

На 30 декември, Независната второстепена комисија за азил во Атина, одобри азил за еден од турските војници, а неколку часа подоцна од грчката Влада соопштија дека поднеле барање за поништување на одлуката на Комисијата.

Врховниот суд во Атина, на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, а сите поднесоа барање за азил.