сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНИОТ АВИОН ОД СПЛИТ: ХГСС се обидел да го лоцира мобилниот телефон на еден од патниците

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНИОТ АВИОН ОД СПЛИТ: ХГСС се обидел да го лоцира мобилниот телефон на еден од патниците
ФОТО: HGSS

Продолжува потрагата по авионот Цесна 182, кој последен пат е виден на радар околу 11.25 часот.

Авионот летал од Сплит за Германија.

На лице место бил и новинар на ХРТ кој за Дневник 3 вели дека се уште нема нови информации.

– Овде дојдоа дронови околу 20 часот, се обидоа да ги користат, но поради екстремно лошите временски услови се уште не ги активирале, изјави новинарот.

– На секои неколку минути доаѓа по една екипа да се освежи и потрагата продолжува. После 20 часот дошле пријатели на еден од патниците. Оперативците на ХГСС ги примиле во ловниот дом до кој има шатор од кој се врши целокупниот претрес. Откако си заминале, ХГСС се обидел да го лоцира мобилниот на еден од патниците, но безуспешно. На терен пристигна и цивилната заштита, а временските услови се екстремно лоши, постојано врне дожд, а има магла, рече таа.