Тим пилоти кои со дрон го пребаруваа поширокото подрачје на Брончанац објавија дека го пронашле авионот, кој вчера исчезнал од радарот над Раковица.
Ова преку радио го пријавиле во базата, а за тоа сведочат и репортерите на Јутарњи лист кои се на терен со друга екипа пилоти. Во базата биле пријавени и точните координати на локацијата.
– Гледам делови од крилата и кабината, рекол пилотот кој го нашол авионот.
Имено оваа информација се уште не е официјално потврдена.
Според Вечерњи лист, во исчезнатата Цесна имало швајцарски пилот и тројца патници – двајца Германци и еден Хрват, а авионот вчера околу 11:30 часот исчезнал од радарот над Раковица. Крајната дестинација бил германскиот град Лајчиген.
[Potraga zrakoplova Cessna✈️]
➡️ Potraga za nestalim zrakoplovom Cessna, unatoč teškim vremenskim uvjetima, trajala je i ovu noć, od jutra je intenzivirana, uključeno preko 350 pripadnika @RavnateljstvoCZ , policije, HGSS-a, vatrogasaca i lovaca
🔗https://t.co/R0j2L8pHfZ pic.twitter.com/UhPYuChgTl— Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH (@RavnateljstvoCZ) May 30, 2022