понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Пронајдена бомба во Нов Белград: Полицијата на лице место, ова се деталите

Пронајдена бомба во Нов Белград: Полицијата на лице место, ова се деталите
ФОТО: Printscreen Instagram, Aleksandra Čolić, Google Earth

Рачна граната од Втората светска војна е пронајдена денеска на булеварот Михајло Пупин на број 115 во близина на Палатата Србија во Нов Белград.

Како што неофицијално дознава Нова.рс, бомбата утрово ја пронашле работници, а моментално ја обезбедуваат припадници на полицијата.

Во моментов на терен е екипа за контрадиверзија. Сообраќајот на булеварот „Михајло Пупин“ во Нов Белград е запрен откако била пронајдена рачна бомба, која најверојатно датира од Втората светска војна.

Сообраќајот во правец на Зелени венац во моментов е во прекин.

Градежните работи се во тек на аголот на булеварот Михајло Пупин и Антифашистичка борба, а работниците пронашле бомба додека копеле.