вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ПРОСТИТУЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА ЦВЕТА: Цените паднаа, понудата многу поголема, се повеќе клиенти странци (ВИДЕО)

ПРОСТИТУЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА ЦВЕТА: Цените паднаа, понудата многу поголема, се повеќе клиенти странци (ВИДЕО)

Најстариот занает не е проституција, туку трговијата со луѓе, изјави за Катимерини Григорис Лазос, професор на атинскиот Универзитет Пандион, кој ја истражува проституцијата од 1986 година.

На неодамнешниот конгрес на грчките и европските научници, тој професор по социологија укажа дека најголем проблем што големците „нема ниту да ги допре“ е проституцијата затоа што „политичката цена“ е голема. Проституцијата во Грција расте од избивањето на финансиската криза во 2010 година. Под притисок на социјалните и економски промени, се промени и нејзината организација, на што во последно време влијаеше и приливот на мигранти и бегалци, кажа Лазос.

Според неговото истражување, од 2012 до 2017 година бројот на лица кои се занимаваат со проституција како работа, пораснал од 17 илјади на 18.200, или за седум проценти. Тоа зголемување има три главни начини на организирање на проституцијата: Во неформални јавни куќи, станови- „студија“ и на улица.

Од 2012 до 2017 година, цените и вкупниот приход од проституцијата на годишно ниво значително опаднале, а самата цена на тој вид услуги паднала за половина. Состанок со жена на возраст од 18 до 64 години во јавна куќа во 2012 година се наплатувал во просек 39 евра, а во 2017 пак само 17 евра, што е дури 56 проценти помалку.

„Услугата“ на улица во 2012 година се наплатувала 14 евра, а во 2017 само 11, што е 21 процент помалку, додека состанок во „студио“ во 2012 година чинел 70 евра, а во 2017 просечната цена му е 53 евра, што е 24 проценти помалку. Само во петмилионската Атина бројот на клиенти кои се занимаваат со проституција пораснал од 420.000 на 605 илјади што е зголемување за околу 28 проценти, вели Лазос.

Меѓутоа, таа промена има интересно нешто: Поради демографското, социјалното и економско пропаѓање и општата деградација на приликите поради државната политичка криза, во тој раст на бројот на клиенти мало учество земаат Грците и другите кои пред да избие кризата живееле во Грција. Во вкупното зголемување од 230.000, според професорот Лазос нивниот број е само 20.000, додека се останато се странци кои после избивањето на кризата дошле во Грција или повремено ја посетуваат.

Меѓутоа, исто така во стален раст е бројот на клиенти мигранти и бегалци. Нив во 2012 година ги имало малку затоа што тек дојдени имаа значајни проблеми, а и големиот дел од јавните куќи и „студијата“ не ги прифатиле поради предрасудите, наведува Лазос. Меѓутоа, потоа и пазарот за проституција се прилагоди и прошири, на почетокот на улиците, а потоа во евтините јавни куќи, додека во 2017 година мигрантите и бегалците се прифатени на најголемиот број места. Така од 14 илјади колку што биле во 2012 година, бројот на мигранти- клиенти кои се занимаваат со проституција во 2017 година скокна на дури 160.000.

Професорот Лазос предупреди дека „скандинавскиот модел“- воведување на специфичен вид на официјални јавни куќи, за што наскоро би требало да расправа Собранието во Грција, ќе доведе до тоа да се збогатат трговците со луѓе, а уште повеќе да се осиромашат лицата кои се занимаваат со проституција.

Сега во Грција лицата кои се занимаваат со проституција не се организирани, немаат претставници, „немаат глас“ пред властите, дури не им дозволуваат ниту на прес конференции да зборуваат за проституција, наведе Лазос. Традиционалниот „пазар“ за тој вид на услуги и понатаму е центарот на Атина, а се протега од булеварот Посеидонос долж морскиот брег, а ги зафаќа и богатите населби Глифада на југот и Кифисју на северот.

Лицата кои се занимаваат со проституција, според професорот Лазос, системски се експлотирани и често изложени на злоставување од клиентите, имаат здравствени проблеми,како хепатитисот кој го имаат најмногу.

Катимерини пишува дека професорот Лазос побарал од грчката држава малку пари барем за материјал потребен за стоматолошка помош на лицата кои се занимаваат со проституција, затоа што поради хемикалиите од кондомите им паѓаат забите, наведува весникот.