Српската војска во моментов ги поместува своите борбени окломни возила кон административниот премин со Косово-Јариње.
На социјалните мрежи се појави видео од колона тенкови кои, според непотврдени информации, тргнале од Рашка кон административната линија со Косово и Метохија.
Тоа се тенковите Т-72 МС опремени со нова оптика и најмодерна борбена опрема, кои се дел од руската воена донација за Србија.
Претходно, два српски борбени авиони „Миг 29“ прелетаа над Јариње, што беше поздравено од Србите кои го блокираа преминот во знак на протест поради воведувањето на реципроцитет за регистарските таблички и присуството на специјални единици на северот на Косово.
Вчера, хеликоптери на српската армија „Ми-35“ патролираа во воздушниот простор над Јариње.
Единиците на српската армија во гарнизоните на Рашка и Нови Пазар со денови се во зголемена борбена готовност.
Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, изјави дека Министерството за внатрешни работи со своите единици и војската на Србија се подготвени да одговорат на секоја ескалација, но и дека ќе сторат се за да спречат какви било конфликти и се да биде мирно.
Вулин истакна дека вооружените единици на Приштина мора да се повлечат од северно Косово и Метохија.