сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Психолошка поддршка за оштетените во пожарот во Грција

Психолошка поддршка за оштетените во пожарот во Грција

Психолози од грчкиот центар за контрола и превенција на болести, како и од грчката противпожарна служба им стојат на располагање за пружање психолошка поддршка на лицата кои претпеа материјални штети во пожарот или загубија членови на семејствата.

Центарот за контрола и превенција на болести соопшти дека во погодените населби ќе испрати специјални мобилни единици од епидемиолози, лекари и медицински сестри за контрола и заштита на јавното здравје, а на располагање на лицата од овие подрачја им стојат психолози.

– Од научна гледна точка, не интересира и психолошката поддршка за роднините на жртвите и на лицата кои гледаа како им се уништија имотите во оваа катастрофа, изјави претседателот на Центарот, Теофилос Розенберг.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкиот информативен портал „Ин“, во текстот посветен на процесот на идентификација на телата на загинатите, пишува дека и противпожарната служба на Грција го ставила на располагање психолозите за поддршка на луѓето што ги изгубиле нивните најблиски во пожарите.