недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев е дел од групата што ја собори владата, обвинува Нинова

Радев е дел од групата што ја собори владата, обвинува Нинова

Претседателот е дел од мнозинството, заедно со ГЕРБ-СДС, ДПС, Преродба и Има таков народ“, кои ја соборија владата што тој ја создаде. Со овие зборови видно бесната лидерка на БСП Корнелија Нинова излезе од канцелариите на претседаетелот Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми.

„Тој не престана да ја критикува владата од нејзиниот прв ден, иако ја создаде главната партија во неа. Заедно со ГЕРБ, ДСП, Има таков народ и Преродба не ни дадоа 100 дена. Сметаме дека тој е дел од групата која ја собори актуелната власт“, истакна Нинова.

Пред тоа, БСП го врати мандатот за формирање влада и после овој трет обиде Бугарија оди на избори, а Радев треба да фиормира службен кабинет. Мандатот на радев не му го врати Нинова, туку шефот на пратеничката група Георги Свиленски.

Претставниците на БСП не сакале ниту да седнат на масата и покрај поканата на шефот на државата.

Румен Радев им честиташе на претставниците на БСП за напорите, но веднаш истакна дека владејачката коалиција остава хаос во енергетскиот сектор.