четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Радев свика консултативна средба поради конфликтот во Украина

Радев свика консултативна средба поради конфликтот во Украина

На иницијатива на бугарскиот претседател Румен Радев денеска во неговиот Кабинет во Софија започна средба посветена на делумната воена мобилизација во Русија, што ја нареди рускиот претседател Владимир Путин, јави дописникот на МИА од Софија.

На средбата присуствуваат техничкиот премиер Галаб Донев, членови на Владата и раководители на специјалните служби, кои ќе ги разгледуваат и последиците по безбедноста, економијата и социјалната сфера во Бугарија од ескалацијата на војната во Украина.

Консултативната средба беше свикана откако Путин нареди делумна мобилизација.

Техничкиот министер за одбрана на Бугарија Димитар Стојанов изјави дека мобилизацијата од руска страна носи ризик за националната безбедност на земјата, нагласувајќи дека во моментов не постои закана од директно вмешување на Бугарија во конфликтот.

– Бугарија почна да посветува поголемо внимание на источната граница, изјави претходно денеска на Стојанов.

Портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Костадин Коџабашев истакна дека Софија со исклучително внимание го следи конфликтот меѓу Русија и Украина, но според него, во оваа фаза нема конкретна воена закана врз Бугарија.