петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Растат тензиите помеѓу Србија и Косово

Растат тензиите помеѓу Србија и Косово

Растат тензиите помеѓу Србија и Косово. Припадници на српската војска со четири оклопни возила се распоредни на два километри од административниот премин со Косово, Јариње. Војската на Србија е во зголемена борбена готовност поради ситуацијата на северот на Косово . Сакаме да испратиме јасна порака дека повеке нема да се случи насилство врз срскиот народ порача претседателот Вучиќ.

На Јариње патролираат и војници на КФОР. Од КФОР за „Косово онлајн“ порачуваат дека „внимателно ја следат ситуацијата во цело Косово и дека го зголемиле бројот и времетраењето на рутинските патроли ширум земјата“. Србија и Косово мора безусловно да ја деескалираат ситуацијата на терен со итно повлекување на специјалната полициска единица Роса од северот на Косово и отстранување на блокадите на патиштата од страна косовските срби , изјави шефот на европската дипломатија.

ЕУ се обидува да договори состанок помегу двете страни за решање на кризата која почна пред 8 дена кога Приштина одлучи возилата од централна србија при влез во Косово мора да земат пробна таблица со ознака РКС. За спроведување на мерката на административните премини Јариње и Брњак ја испрати единицата Роса што дополнително го налути Белград а косовксите србија изгелоа на протести и веке 8 ден ги блокираат магистралните правци Рашка-Лепосавик и Рибарице-Зубин Поток.