четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ратко Младиќ е жив: Се огласи неговиот син по лажните вести дека починал

Ратко Младиќ е жив: Се огласи неговиот син по лажните вести дека починал

Синот на Ратко Младиќ, Дарко раскажува за Телеграф.рс дека слушнал од неговиот татко нешто пред 14 часот и дека звучел добро.

Низа медиуми објавија дека Младиќ починал, но тоа е лажна вест.

-Се слушнав од него, тој звучеше добро. Адвокатот сега е со него. Ние ги сметаме сите овие вести за лажни,  изјави Дарко Младиќ за „Телеграф.рс“.

Веста се шири како молња на Интернет дека Ратко Младиќ починал во Хашкиот трибунал.

Свештеникот во Хаг, Воислав Билибија, исто така, изјави за „Информер“ дека се појавиле лажни вести дека Ратко Младиќ починал.