среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Регистрирани првите случаи на вирусот Западен Нил во Грција

Регистрирани првите случаи на вирусот Западен Нил во Грција

Во две различни периферии во Грција, потврдени се два случаи на вирусот Западен Нил, што воедно се и први годинава, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека случаите, со оглед на тоа дека речиси секоја година во текот на летото и есенските месеци „се појавуваат случаи во разни области (и) во Грција“, се очекувани во актуелниот период.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, вирусот во Грција е присутен од 2010 година, а заклучно со лани, во периодот 2010-2019 година биле регистрирани вкупно 1.216 случаи и починале 170 лица.

Во 2015 и 2016 година не бил регистриран ниту еден случај, а најмногу заразени и смртни случаи имало во 2018 година – 317 случаи и 51 починат.

Минатата година биле регистрирани 227 случаи, а починале 35 лица.