недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Регистрирани речиси 10.000 молњи во Грција

Регистрирани речиси 10.000 молњи во Грција

Системот за регистрација на молњи „Зевс“ на грчката национална опсерваторија, во текот на вчерашниот ден регистрирал 9.900 молњи во Централна и Северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера, од рано наутро до попладневните часови, централниот и северниот дел од земјата го зафати невреме со силни врнежи од дожд и грмежи, а во одредени области бил регистриран и град.

Силното невреме, но со кусо времетраење создаде мали проблеми во процесот на гласање во Солун, кога дел од гласачите ги затече на избирачките места, па мораа да чекаат за можат да си заминат. (МИА)