понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Рекорден број на новозаразени во соседството- омилената туристичка дестинација на Македонците воведува нови мерки!

Рекорден број на новозаразени во соседството- омилената туристичка дестинација на Македонците воведува нови мерки!

Во Хрватска денеска се регистрирани 116 новозразени со Ковид-19, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на епидемијата и воедно, првпат бројот на новодијгностицирани е троцифрен. Бројот на активни случаи во земјата изнесува 1038, соопшти Кризниот штаб.

По средбата со научниот совет и Штабот за цивилна заштита во Владата, хрватскиот министер за здравство Вили Берош рече дека сега се разгледуваат многу мерки, но и многу построги услови за влез во земјата. Тој рече дека се размислува и за задолжително носење маски во одредени продавници или угостителски објекти, но дека сето тоа детално ќе биде објавено во текот на денот.