четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Санчез в среда во официјална посета на Хрватска

Санчез в среда во официјална посета на Хрватска

Шпанскиот премиер Педро Санчез в среда ќе пристигне во Загреб од Љубљана за да се сретне со премиерот Андреј Пленковиќ и претседателот Зоран Милановиќ, што е прва официјална посета на шпански премиер на Хрватска од независноста во 1991 година.

Социјалистот Санчез, на власт од 2018 година, ќе учествува на состанокот на Европската унија и земјите од Западен Балкан во Љубљана в среда наутро и ќе пристигне во Загреб попладне, јави Хина.

Хрватската страна го покани Санчез во посета во септември, но тогаш посетата беше откажана поради промена на неколку министри во шпанската Влада. Затоа, Мадрид сега одлучи да ја искористи посетата на премиерот на Словенија за да дојде во Хрватска.

Санчез треба да разговара со Пленковиќ и Милановиќ за билатералните односи меѓу двете земји, желбата на хрватската Влада да влезе во Шенген и во еврозоната, како и за ситуацијата на Западен Балкан.

Во септември, Хрватска се приклучи на неформалниот клуб на медитеранските земји МЕД 9, исто како и Словенија, која ја вклучува Шпанија меѓу другите земји.

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман беше во Мадрид во мај, каде нагласи дека „односите меѓу двете земји се крајно пријателски“.