среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се бранел од најопасните хулигани во Белград, па сакаше да се пресмета со полицијата: Се појави снимка од дивеењето на познатиот политичар

Се бранел од најопасните хулигани во Белград, па сакаше да се пресмета со полицијата: Се појави снимка од дивеењето на познатиот политичар

Лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ синоќа околу 22 часот направил инцидент во ресторан за брза храна во Нови Београд и истиот го демолирал, а сега се појави и снимка на која се гледа како познатиот политичар дивее на полицијата која што пристигна на местото на инцидентот.

Како што може да се слушне на видеото,Јовановиќ среде упадот на полицијата го шутираше автомобилот на полицијата и тврдеше дека за се се криви навивачите на групата „Хиени“ кои го нападнале.

Јовановиќ околу 23 часот е однесен во полициската станица Нови Београд, а по нив веднаш тргнала и неговата сопруга.

Погледнете ја снимката: