понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се бранел од најопасните хулигани во Белград: Познатиот политичар демолирал цел локал, па заминал во полиција и го пријавил случајот (ФОТО)

Се бранел од најопасните хулигани во Белград: Познатиот политичар демолирал цел локал, па заминал во полиција и го пријавил случајот (ФОТО)

Српскиот политичар Чедомир Јовановиќ и лидер на ЛДП вчера демолирал локал за брза храна во Нов Белград, пренесуваат српските медиуми.

Тој по инцидентот заминал во полиција и дал своја изјава.

„Заминав во полиција и дадов изјава како секој друг човек…“, вели тој.

Чедомир тврди и дека го нападнале припадници на навивачката група „Хиени“.

-Се е снимено, нека се гледа. Не ми е важно што пишуваат таблоидите, нека ги величаат хулиганите, но нема да се тргнам од патот бидејќи тука живеам, додава тој.

Говорејќи за инцидентот тој потврдил и дека искршил излог и дека тој атак не е прв.