петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Се чекаат резултатите од ДНК анализата, таткото на Матеј Периш ќе дојде во Белград по идентификација на телото

Се чекаат резултатите од ДНК анализата, таткото на Матеј Периш ќе дојде во Белград по идентификација на телото

ДНК материјалот потребен за идентификацијата е земен веднаш откако вчера од Дунав во Белград беше извлечено тело на младо машко лице. Денеска се очекува да бидат познатите резултатите и да се утврди дали пронајденото момче е исчезнатиот Матеј Периш од Сплит.

Споредбата на земениот ДНК примерок ќе биде направена со материјал од таткото на Матеј, Ненад Периш.

Дел од српските медиуми јавуваат дека Ненад, иако беше најавено, се уште не е дојден во Белград, а неговото пристигнување се очекува откако ќе биде утврден идентитетот на пронајденото тело.

На Институтот за судска медицина направени се и токсиколошки анализи, чии резултати според најавите би можеле да се чекаат повеќе дена.

За Матеј се трагаше од 31 декември минатата година.