Поради обилните врнежи во Република Српска поплавени се земјоделските површини и градската плажа во градот Зворник.
Градската управа на Зворник апелираше до граѓаните до дополнително известување да не се спуштаат на шеталиштето покрај реката Дрина и да се држат настрана од надојдениот водотек.
Протокот на реката Дрина кај хидроцентралата Мали Зворник во 07:00 часот изнесувал 1.990 метри кубни во секунда, а дотекот 2.030 метри кубни во секунда со тенденција на зголемување, соопшти Градската управа.
Во текот на ноќта реката Дрина се излеа на земјоделско земјиште во општините Тршиќ и Роќевиќ, додека во Каракај (во близина на Терминал) водата навлегла во подрумите на три куќи, се вели во соопштението.
Поплавена е градската плажа во Зворник, а се очекува да се излее и во викенд одморалиштето во Средње Шепко.
Коритата на реките Хоче и Сапна се полни меѓу 30 и 40 проценти.
Во Службата за цивилна заштита зголемена е дежурството, посетен е теренот и состојбата континуирано се следи. Утрово заседаваше Градскиот штаб за цивилна заштита на градот Зворник, јави РТРС.
Резервниот состав на службата за цивилна заштита е во подготвеност, како и сите припадници на Професионалната противпожарна и спасувачка единица. Се преземаат и други превентивни мерки и активности со цел да се намалат последиците од обилните врнежи од дожд и зголемен проток на вода.