По инцидентот во Народното Собрание на Република Српска, кога Министерот за внатрешни работи Драган Лукач го нападна пратеникот на опозицијата Драшко Станивуковиќ, првиот човек се огласи за медиумите.
Тој кажа дека го турнал Станивуковиќ поради тоа што не сакал да му овозможи да го загорзи, но и поради тоа што пратеникот на опозицијата цел ден го провоцирал со заменцата на НАТО.
-Жал ми е поради тоа што се случи во Народното Собрание. Се извинувам поради тоа што тие работи не се примерни за Народното Собрание, но никој не смее да ми приоѓа и да ме спречува да го одржам говорот, изјави Лукач, додавајќи дека и однесувањето на пратеникот не било соодветно.